септември 25, 2024

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по петти пат во кариерата е прогласен за најдобар спортист во Европа во традиционалниот избор на Новинските агенции.

Изборот беше организиран по 66-ти пат од полската национална агенција (ПАП).

Ѓоковиќ доби вкупно 178 поени. Српскиот тенисер оваа награда ја доби во 2011, 2015, 2018 и 2021 година.

Ѓоковиќ оваа година освои седум трофеи, вклучувајќи три Грен слем турнири (Австралија опен, Ролан Гарос и Ју-ес опен) и завршниот Мастерс во Торино. Тој по осми пат во кариерата ја заврши сезоната на врвот на АТП листата.

Второто место во изборот за најдобар европски спортист му припадна на светскиот шампион во Формула 1 од Холандија, Макс Верстапен (150 поени), а трет заврши шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, кој освои 86 поени.

На четвртата позиција е напаѓачот на Манчестер сити и норвешки фудбалски репрезентативец Ерлинд Халанд со 80 бодови.

Петтото место му припадна на српскиот кошаркар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ со 74 поени. Јокиќ минатата сезона со Денвер ја освои шампионската титула во НБА лигата и беше прогласен за најкорисен играч во големото финале.

Во Топ 10 се и полската тенисерка Ига Швионтек (72), норвешкиот биатлонец Јоханес Тињес Бу (51), холандската атлетичарка Фемке Бол (49), швајцарскиот скијач Марко Одермат (44) и данскиот велосипедист Јонас Вингегард (40).

The post Ѓоковиќ пред Ферстапен во изборот за најдобра европски спортист appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK