септември 25, 2024

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал претседателот Владимир Путин дека големиот десантен брод „Новочеркаск“ е оштетен во пристаништето Феодосија на Крим.

Бродот бил уништен додека одбивал напад на украинските вооружени сили.

„Министерот за одбрана Шојгу го информираше Путин за нападот на украинските вооружени сили врз Феодосија и оштетувањето на големиот десантен брод Новочеркаск“, рече Песков.

КАКВА СРЕЌА ТОКМУ ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕ – Жена од Германија пронашла стар билет од лото во куќата, а кога го проверила сфатила дека освоила цело богатство пред три години

Жена од германскиот град Магдебург непосредно пред Божиќ сфатила дека пред три години играјќи лото освоила 100.000 евра! Во 2021 година, таа наводно го оставила ливчето за да може подоцна …
Акушерка исекла прст на новороденче: Суспендирана е, прстот на бебето ќе биде спасен

Новороденче пред 10 дена останало без дел од прст на скопската Клиника за гинекологија и акушерство, откако акушерка ненамерно му нанела повреда. Информацијата ја потврди и Министерството за …

Според последните информации од Министерството за вонредни состојби, во нападот едно лице загинало, а четворица се ранети, пренесува РИА Новости.

Претходно, руското Министерство за одбрана излезе со соопштение за нападот.

„При одбивањето на нападот на вооружените сили на Украина врз базата Феодосија со воздушни ракети, оштетен е големиот десантен брод Новочеркаск. Системите за противвоздушна одбрана уништија два непријателски тактички авиони „Су-24“ во областа на населбата Жовтен, која истрела проектили управувани од воздух“, соопшти руското министерство, пренесува РИА Новости.

Лидерот на Крим Сергеј Аксјонов рано утринава објави дека украинските сили извршиле напад на пристаништето во Феодосија, што резултирало со експлозија и пожар.

Претходно, командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук изјави дека Украина извршила воздушен напад врз Федосија на Крим и дека во нападот бил уништен рускиот десантен брод „Новочеркаск“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK