септември 25, 2024

Откако највисокиот државен суд на Соединетите Американски Држави (САД) пресуди дека поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, не може да се појави на гласачкото ливче во државата Колорадо на претседателските избори следната година поради неговата улога во нападот од неговите приврзаници врз американскиот Капитол на 6. јануари 2021 година, извор изјавил за Page Six дека – „Доналд Трамп и неговото семејство се многу сигурни дека тој повторно ќе стане претседател“. 

КАКВА СРЕЌА ТОКМУ ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕ – Жена од Германија пронашла стар билет од лото во куќата, а кога го проверила сфатила дека освоила цело богатство пред три години

Жена од германскиот град Магдебург непосредно пред Божиќ сфатила дека пред три години играјќи лото освоила 100.000 евра! Во 2021 година, таа наводно го оставила ливчето за да …
Акушерка исекла прст на новороденче: Суспендирана е, прстот на бебето ќе биде спасен

Новороденче пред 10 дена останало без дел од прст на скопската Клиника за гинекологија и акушерство, откако акушерка ненамерно му нанела повреда. Информацијата ја потврди и …

Покрај тоа, упатените од Мар-а-Лаго тврдат дека тој постигнал договор со неговата сопруга Меланија Трамп и дека таа ќе ги засили дипломатските перформанси на највисоко ниво во текот на 2024 година.

Според Page Six, Меланија Трамп, која неодамна се појави со поранешните први дами на погребот на Розалин Картер, наводно се чувствува посигурна во себе – и како претставник на нејзиниот сопруг, но и како дипломатска фигура, особено по позитивниот прием со појавувањето на погребот на поранешната прва дама на САД.

„Меланија Трамп разбира дека е дојдено нејзиното време да се приклучи на редот на историските први дами и да остави свој белег во историјата… Таа чувствува дека сега е подобро подготвена за нејзината потенцијална улога како прва дама по втор пат“, рекол изворот, додавајќи дека сега може да се посвети повеќе на таа улога со оглед на тоа што нејзиниот син Барон Трамп сега има 17 години и веќе не е мал.

„Потесно семејство, вклучително и Меланија Трамп, цврсто стои зад поранешниот претседател“, додал изворот за Page Six.

53-годишната поранешна прва дама од Словенија се почесто се појавува во друштво на својот сопруг, па неодамна беа видени на „Палм Бич“, каде заедно присуствуваа на доделувањето на наградите „Patriot“.

„И двајцата беа во одлично расположение“, изјавил инсајдерот и додал: „Меланија Трамп шеташе наоколу и ги поздравуваше сите. Доналд Трамп дури се пошегува на своја сметка, велејќи дека во најголем дел не го изнајмуваат тој простор бидејќи таму чувал многу многу важни документи, како што сите знаат“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK