септември 25, 2024

Јавното претпријатие за државни патишта неколку години наназад има континуиран пораст на приходите по основ на наплата на патарини.

Оваа година ќе ја завршиме со рекордени приходи од 62 милиони евра. „Поточно, годинава имаме 100 проценти зголемување на приходите од патарина за разлика од пред три години“, рече вечерва Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми.

Како споредба, во 2020 година од наплатени средства по основ на наплата на патарина остварен е вкупен приход во висина од 34 милиони евра, во 2021 година од над 46 милиони евра, во 2022 година износот е веќе над 53 милиони евра и оваа година ќе ја завршиме со 62 милиони евра.

„Особено сум горд што од наплатна служба направивме синоним на модерна, електронска и современа наплата на патарина која нуди професионална и квалитетна услуга, сѐ со цел да овозможимe брз и безбеден проток на сообраќајот. Истовремено, сакам да се заблагодарам на сите вработени на наплатните станици кои со својата професионална и посветена работа помогнаа заедно да ја постигнеме посакуваната цел“, додава Рустеми.

Тој додава дека годинава отпочнато е и со модернизација на наплатните станици на Коридорот 8, Глумово и Желино, каде што ќе биде воведена исто така електронската наплата која се покажа како ефективна и брза за наплата и за побрз проток на сообраќајот.

Летово во соработка со земјите од регионот успешно стартуваше и проектот „Еден таг“, односно употреба на електронските тагови помеѓу соседите.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Успешно имплементираниот информатички систем за управување со патиштата, таканаречен РАМС,
и за првпат воведениот Систем за управување со мостови (BMS) со кој е извршен попис и преглед на состојбата на над 1300 мостови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK