Полицијата вчера на територија на град Скопје изрече казни за 161 возач. За возење со бразина поголема од дозволената казнети се 17 возачи, 11 за возење без возачка дозвола, а 25 за возење под дејство на алкохол.
Како што информира денеска МВР, изречени се и шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон…
Од полицијата најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.
The post Казнети 161 возач во Скопје, 25 за возење под дејство на алкохол appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде