септември 25, 2024

Македонија сите добро знаеме е позната како земја што го има пробиено секое дно, но кај нас дното очигледно има и подрум !!!
После две ипол години чекање Општина Кочани на чичко Диме му помогна со “вртоглави” 2750 денари помош, за неговиот дом кој беше зафатен од пожар, или по оваа сума што ја дооби Диме сеуште важи она старото правило: “Ако немаш пари во Македонија умри си”

Во продолжение во целост ви ја прикажуваме објавата од Диме Атанасовски:
Драги наши, на социјалните мрежи споделуваме многу работи. И важни и не толку важни. И лоши и добри. Сега, во пресрет на убавите празници сакам да споделам убава вест.

После речиси двеипол години по пожарот кој го зафати Кочани, конечно општината ни ја обештети штетата која беше направена. Легнаа на нашата сметка 2750 денари.

Општиските органи пресметале дека треба да добиеме разлика на вистинската штета и она што го исплаќа осигурувањето, а нашата Влада донела одлука дека заслужуваме 5% или вкупно оштета од 2750 денари.

Им се заблагодаруваме на сите општински и државни органи и им посакуваме никогаш да не им се случи вакво нешто ниту ним ниту на другите наши сограѓани. Да сте живи и здрави. Среќни празници- пишува Диме !!!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK