септември 25, 2024

Раперот Канје Вест и се извини на еврејската заедница за антисемитските изјави дадени минатата година. Тој објави порака на хебрејски на Инстаграм во која вели дека е „посветен да ја поправи штетата и да промовира единство“.

„Искрено и се извинувам на еврејската заедница. Не ми беше намерата да ги повредам или понижам и длабоко жалам за каква било болка што можеби сум ја предизвикал. Посветен сум да почнам од себе и да учам од ова искуство за да обезбедам поголемо разбирање во иднина. Вашето простување е важно за мене, и јас сум посветен на поправка на штетата и промовирање на единството“, напиша Канје.

Вест, познат и како Је, беше широко осуден откако даде антисемитски забелешки.

Сè започна кога Американскиот еврејски комитет го повика раперот за објава на Инстаграм во која инсинуира дека раперот Диди, чие вистинско име е Шон Комбс, е контролиран од Евреи.

Објавата на Вест се состоеше од слики од екранот од неговиот разговор со Диди за контроверзните маици White Lives Matter што ги претстави на модна ревија во Париз.

Диди ги критикуваше кошулите и им порача на луѓето да не ги купуваат или носат. Еден ден подоцна, Вест почна да објавува слики од екранот од неговите СМС пораки со Диди, кој очигледно сакаше да се состане за да разговараат за ова прашање. Канје не го прифатил неговиот предлог и рекол дека Евреите му рекле на Диди да му се јави, алудирајќи на тоа дека го контролираат.

The post Канје Вест и се извини на еврејската заедница за антисемитските изјави дадени минатата година appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK