септември 25, 2024

Откако беше објавено дека милијардерот Сер Џим Ретклиф влегол во Манчестер Јунајтед и ја презел контролата над фудбалските операции на клубот за 1,3 милијарди фунти, на „Олд Трафорд“ се најавени промени, а една од првите би можела да биде смената на менаџерот Ерик Тен Хаг.

По тој повод се огласи и легендата на „црвените ѓаволи“ Ерик Кантона, еден од клучните играчи во кариерата на Алекс Фергусон.

„Ќе најдат нов Бекам или Кристијано Роналдо. Проблемот е што тие никогаш нема да најдат нов Алекс Фергусон“.

Холанѓанецот е шестиот менаџер кој не ги исполни очекувањата по заслуженото пензионирање на Сер Алекс Фергусон. Пред него на функцијата беа Дејвид Мојс, Луи ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјаер и Ралф Рангник.

„Црвените ѓаволи“ бележат неуспешни резултати. Тие се осми во Премиер лигата со дури 12 бода помалку од водечкиот Арсенал. Јунајтед има осум порази во 18 одиграни натпревари во Премиер лигата.

Тие беа последни во групата во Лигата на шампионите во конкуренција на Баерн, Копенхаген и Галатасарај. Од Лига купот беа елимнирани по понижувачкиот пораз од Њукасл на „Олд Трафорд“ (0:3).

Манчестер јунајтед загуби три од последните четири натпревари (0:3, Баерн 0:1, Вест Хем 0:2) без постигнат гол, играјќи само нерешено на „Енфилд“ (0:0) во меч во кој се бранеа речиси 90 минути против најголемиот ривал Ливерпул.

The post Кантона го објасни најголемиот проблем на Јунајтед appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK