септември 25, 2024

Ако сакате еден конфликт никогаш да не заврши направете го тој конфликт религиозен.
Одлуката за да се руши крстот на Шапка е токму таков обид, етничкиот конфликт кој што постои од 90-тите па се до денес, да се надгради во религиозен.
Тактиката е едноставна… Држи го народот исплашен, во дефанзива. Да не размислува како живее напредниот свет, да е благодарен само за мирот а де не се грижи за празниот фрижидер и скинатите патики на своето дете.
Крстот не треба да се руши кога веќе е изграден. Џамијата не треба да се руши кога веќе е изградена.
Нека биде тоа една убавата слика на оваа мултиетничка, мултирелигиозна држава. Тоа единственото убаво нешто што ни остана од оваа испокрадена држава.
А да, НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДЕКА ИЗБОРИ ИМАМЕ. Ова е најмалку што очекувам од политичките банди кои го тероризираат народот и ја приватизирана државата со години. А за жал во оваа игра се вклучени и верските заедници.
Пишува Фуркан Салиу

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK