септември 22, 2024

Термоелектраната Осломеј ноќеска е исклучена од производство поради проблем со еден од вентилаторите во делот на отпепелувањето, што доведе до самозапалување на помала количина несогорен јаглен и пепел, информираат од АД ЕСМ.

Од компанијата додаваат дека настанатиот пожар кој е од помали размери надвор од термоелектраната, е локализиран со сопствени ресурси, додека од превентивни причини е повикана противпожарната служба, согласно процедурите за постапување.

-Веднаш ќе се пристапи кон санирање во делот на вентилацијата на отпепелувањето и се очекува електраната да биде вратена на мрежа во најбрзо време и да работи според планот за производство, за што е обезбедена доволна количина набавен јаглен и јаглен од сопствен ископ на РЕК Осломеј, се вели во соопштеноето од АД ЕСМ.

Според компанијата застојот нема да предизвика недостиг на електрична енергија во системот, односно потрошувачите ќе бидат задоволеми преку другите производни капацитети.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK