септември 25, 2024

Каменот предизвикува оштетување на ткивото што го опкружува, па крвавењето е неизбежна појава.

 

 

 

Каменот во бубрезите често предизвикува симптоми што не се карактеристични. Кога ќе дојде до инфекција, функцијата на овие органи е веќе загрозена.

 

Бубрежните камења се излачуваат преку урината, но понекогаш се појавуваат и на местата од кои многу тешко се исфрлуваат. Поголемите парчиња можат да го блокираат патот на урината, додека болките, според некои истражувања, се посилни од породилните.

Сепак, постојат случаи на создавање камења во бубрезите, кои не предизвикуваат типични нарушувања, туку скриени симптоми, сè додека не се појави инфекција или нарушена бубрежна функција.

 

Крвавење

Каменот предизвикува оштетување на ткивото што го опкружува, па крвавењето е неизбежна појава. Понекогаш е сосема очигледно, но најчесто се открива само со анализа на урината. Урината може да биде целосно црвена или со темнокафеава боја.

 

Температура

Еден од симптомите на камења во бубрезите е температурата. Ова често се случува кога инфекција се појавила во негова близина или кога каменот го блокира патот на урината. Кога антибиотиците не се од голема помош, се пристапува кон ултразвучен метод за кршење на каменот.

 

Болка во колковите

Може да се почувствува во грбот, колковите или препоните. Камењата во бубрезите кај мажите предизвикува болка во тестисите или на врвот на половиот орган. Болката се јавува во налети, трае околу една минута, а потоа доаѓа до смирување.

 

Чувство на боцкање

Ако чувствувате непријатност при уринирањето, тоа може да биде еден од симптомите на камења во бубрезите. Болката најчесто се чувствува кога каменот се наоѓа во уретрата (мочниот канал) и се преместува во мочниот меур (бешиката). Понекогаш болката е симптом на инфекција на уринарниот тракт, но секако би требало да ги проверите бубрезите.

 

Често уринирање

Каменот ги иритира sидовите на бешиката, кои се згрчени како резултат на иритација, поради што се јавува потреба за уринирање Симптомот се појавува во зависност од тоа каде се наоѓа каменот. Ако каменот се формира во близина на мочниот меур, лицето ќе има постојана потреба да оди во тоалет.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK