септември 25, 2024

Општата болница Кавадарци ја тресе голем скандал. Како што открива „Слободен печат“, во оваа болница на 5 октомври годинава бил извршен абортус кај 32-годишна жена без анестезија и само под дејство на кетонал и дијазепам. Причината за ова било тоа што имало контраиндикација за анестезијата и морало интервенцијата да се прави додека пациентката е свесна.
Откако поминале 24 дена после абортусот, кај истата жена во болницата пронашле заборавена газа во вагината, за која за дисциплински престап е казнет специјалист по гинекологија и акушерство вработен во болницата, доктор Борче Сиваков. Доктор Сиваков во изјава за „Слободен печат“ тврди дека не ја ни допрел пациентката, туку абортусот го вршел друг гинеколог.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK