септември 25, 2024

Новогодишните и божиќните празници покрај радоста и веселбите вклучуваат и конзумирање на храна и многу калории. Ова е често причината поради која често се чувствуваме тешки и уморни после нив. Масната храна нè прави бавни, а варењето и метаболизмот работат побавно. За да избегнете замор, испробајте го трикот за детоксикација со сокови.

Сокот кој е богат со влакна и храна која го прочистува телото може да ве освежи и да ве поттикне да се движите. Ви пренесуваме едноставен рецепт кој ќе ви го олесни извршувањето на останатите семејни празнични настани, пишува Шателејн.

Состојки:
-2 чаши кељ
-2 шолји спанаќ

– 1/3 од краставица
– ½ јаболко
– мало парче ѓумбир
-1 замрзната банана

– Сок од ½ лимон
-3 чаши вода

Подготовка
Јаболкото, краставицата и ѓумбирот исечкајте ги на ситни парчиња кои полесно ќе се сомелат во соковникот, па додајте ги сите останати состојки. Доколку сокот е премногу горчлив, можете да додадете малку мед за да го засладите, пренесува  Večernji list.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK