септември 25, 2024

Јасмин, во овој период од годината, првото прашање некако само по себе се наметнува, ја чувствуваш ли празничната еуфорија, како ти поминуваат последните денови од 2023 година?
– Празничната еуфорија секако дека ми поминува убаво, со купување на подароци за најблиските, дружење со семејството и пријателите. Се разбира. во убаво расположение, нешто и работно со по некој настап. Едноставно го сакам овој период од годината, најверојатно затоа што сум и зимско дете, роден во овој период.

Што сè оствари во оваа 2023 на музички план и какви планови имаш за 2024 година?
– Ќе кажам дека ми беше успешна годинава. Станав ексклузивец на Гранд Продукција, па одам почесто на интервјуа – како кај нас, така и низ Балканот. Гостувам во ток шоуа, ја извадив мојата прва песна и спот за Гранд. Би рекол дека 2023 проаѓа прилично добро. За планови во новата, би споменал дека ќе промовирам уште една нова песна и спот, сигурен сум дека ќе ве освои на прва. Во секој случај, се надевам на убава година, но здравјето пред сè.

Какви се коментарите за новата песна „Па како буде“?
– Коментарите се сè повеќе позитивни и тоа баш ме радува, публиката ме прифаќа полека, но сигурно и среќен сум поради тоа.

Песната ја промовираше и на речиси сите српски портали и телевизии. Како реагираат Србите на „Па како буде“?
– Да, периодов доста гостував по емисии кај нас и пошироко низ Балканот. Многу пријатно реагираат.

Има ли Македонија доволно медиуми за поддршка на нова музика?
– Па добро, да бидеме реални, кај нас нема многу медиуми за промовирање на музички проекти. Но, во последно време тоа некако како да се менува.

Гостуваше и во Босна. Откриј нѝ некоја ексклузива оттаму.
– Гостував, точно. Интервјуто веќе е објавено, ќе оставам вашите читатели да си го изберат омилениот дел (можеби оној каде што пеам).

The post Предновогодишно интервју со Јасмин Алиевски: Го сакам овој период најверојатно затоа што сум зимско дете appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK