септември 25, 2024

Продажбата на грамофонски плочи во Велика Британија годинава достигна највисоко ново ниво од 1990 година, а касетите се исто така повторно популарни меѓу љубителите на музиката, што го потврдува враќањето на физичките носачи на звук на пазарот.

Продажбата на винил порасна шеснаесетта година по ред, за 11,7 отсто, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на податоци од Британската фонографска индустрија (BPI).

Тејлор Свифт со својот албум 1989 (Тејлоровата верзија) е на првото место на листата по бројот на продадени плочи, а на второ место се Ролинг Стоунс со нивниот албум „Hackney Diamonds“.

Продажбата на касети надмина 100.000 примероци четврта година по ред, објави Би-Би-Си.

The post Грамофонските плочи се враќаат во мода и касетите се повторно популарни appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK