септември 25, 2024

Наградниот фонд на Австралија опен е зголемен за 13 отсто и ќе изнесува 59,1 милиони американски долари, соопштија денеска организаторите на првиот Грен слем турнир во сезоната, кој започнува на 14 јануари во Мелбурн.

Во 2023 година, Австралија oпен имаше најмал награден фонд од сите четири Грен слем турнири од 76,5 милиони австралиски долари или 52,3 милиони американски долари.

Во јануари 2023 година победници беа Новак Ѓоковиќ и Белорусинката Арина Сабаленка.

Победниците на изданието за 2024 година ќе заработат околу 2,15 милиони американски долари.

Наградниот фонд на Австралија Опен е повеќе од двојно зголемен во изминатата деценија, но сепак е помал од 65 милиони долари на Ју-ес опен ова лето. Наградниот фонд на Вимблдон годинава изнесуваше 56,9 милиони долари, а на Ролан Гарос 54,9 милиони долари.

The post Зголемен наградниот фонд на Австралија опен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK