септември 25, 2024

Божиќ е време на подарување, а познатиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригез дефинитивно не штеделе на подароци за своите деца.

 

 

 

 

Џорџина објави фотографии на Инстаграм и ги покажа подароците кои им ги дале на своите деца. Меѓу подароците имало и секакви играчки, но подарокот била и чанта од Луј Витон, а партнерката на познатиот фудбалер признала дека нејзините деца направиле торнадо од божиќни подароци.

 

ФОТОГРАФИИТЕ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

 

Џорџина во својата приказна покажа како децата уживаат во играчките кои ги добиле за Божиќ. Тие не се одвојуваат од мајка си и играат во домашната теретана. Имале и божиќна вечера, на која биле поканети семејството и пријателите, а децата создале торнадо додека ги одвиткувале подароците.

 

Во коментарите се појавија бројни критичари кои сметаат дека тоа се премногу подароци за секое дете, а некои коментираа дека нејзината ќерка има само шест години. Но, тоа не е ништо ново за нив бидејќи нивните деца често носат облека од луксузни брендови. Така малиот Матео предизвика бран критики пред неколку месеци појавувајќи се со огромен дијамант во увото.

 

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK