септември 26, 2024

Foto/ EPA

Германецот Андреас Велингер победи на првата станица на 72. издание на Новогодишната турнеја. Пред домашната поблика во Оберстдорф, Велингер победи пред Рјоју Кобајаши и тефан Крафт.

Велингер беше најдобар во квалификациите и добрата форма ја потврди и самиот натпревар. ПОбеди со скоовите од 139,5 и 128 метри. Освои 309,3 поени, три повеќе од Кобајаши кој имаше скокови од 134,5 и 129 метри.

Третото место на крајот го освои Австриецот Штефан Крафт со скоковите од 132,5 и 125 метри.

Непријатно изненади актуелниот шампион Халвор Егнер Гранеруд. Норвежанецот не успеа да се пласира во втората серија, што значи дека веќе ја предаде титулата за вкупен победник.

Втората станица на турнејата е Гармиш-Партенкирхен. Квалификациите се на 31 декември од 13.45 часот, а главниот натпревар е на 1 јануари 2024 година со почеток во 14 часот.

The post Велингер победи во Оберстдорф, Гранеруд остана без шанси да ја одбрани титулата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK