септември 26, 2024

Aerial е лебдечка или антигравитациска јога, односно специфичен начин на вежбање јога во воздухот. Вежбите се изведуваат со специфичен реквизит, во форма на голема марама, која виси од таванот и ги поддржува вежбачите да лебдат во воздух.

Секој кој нема одредени здравствени проблеми може да го практикува овој тип на јога. Важно е да најдете интензитет кој ви одговара.

А како изгледа се, погледнете во следното видео:

@train.with.ebaa

⠀Some Benefits for kids:⠀Spinal decompressionEnhanced blood circulationIncreased flexibility, strength #AerialYoga #AerialKids #KidsYoga

♬ original sound – Ebaa Sabbagh

Придобивките од овој начин на вежбање се навистина многубројни. Нашироко е познато дека практикувањето јога го збогатува секојдневието и е идеално за подобрување на општото здравје, и физичко и ментално. Вежбањето со парче ткаенина, додека висите во воздух, ни овозможува да го доживееме тренингот уште поинтензивно.

Материјалот што обично се користи во оваа прилика е свилата.

Овој начин на вежбање влијае на целото тело и важно е да го правите под надзор на инструктор, особено на почетокот. Со оглед на тоа дека е потребно постојано да се држите за свилата, првенствено ќе се активира горниот дел од телото. Но, бидејќи се работи за сеопфатна рекреативна програма, активираме и други мускулни групи на различни позиции. Различните вежби за сила, флексибилност, рамнотежа и координација – сигурно ќе го затегнат, обликуваат телото и ќе го подобрат држењето на телото, додека премините од една во друга положба ќе придонесат за пограциозно движење и елеганција на движењето.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK