септември 26, 2024

Во преполната МЦ Дворана се одржа концерт на поп иконата Жељко Самарџиќ, кој по третиот концерт ќе одржи уште три до крајот на оваа година во Дворана.

Како и секогаш, Самарџиќ безрезервно ѝ се предаде на публиката, а тие одговорија на истиот начин. Два и пол часа траеше забавата со фановите во неисцрпен репертоар од хитовите на познатиот пејач.

Разрешен секретарот на Скопје Зоран Глигоров, на негово место доаѓа Наталија Митовска

Нови промени во врвот на администрацијата на градоначалничката Данела Арсовска – денеска беше разрешен секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, а на негово место ќе биде назначена Наталија Митовска. За …
Руте: Русија нема да не запре

– „Русија нема да престане да ја напаѓа Украина“, напиша холандскиот премиер во оставка Марк Руте на социјалната мрежа „Х“, пренесе холандската агенција АНП.  „Русија уште еднаш предизвикува многу цивилни …

Традиционално, на Самарџиќ на сцената му се придружија неговите пријатели музичари, а вистинскиот спектакл настана кога се појави Калиопи, која го прослави својот роденден. Жељко во таа прилика и’ подари цвеќе кое ја воодушеви.

Таа ги отпеа „Црно и бело“ и познатата „Бато“, а публиката не и’ дозволи сама да ја заврши оваа задача, и ја поддржа во хор. Салата одекна и зрачеше посебна енергија, која магично ја создадоа пријателите на сцената изведувајќи го дуетот „Знам“.

И овојпат, популарниот пејач избра само хитови за публиката.

Атмосферата го достигна својот врв кога на сцената се појави гостин кого Самарџиќ го чуваше како изненадување, познатиот трубач Дејан Петровиќ – Биг Бенд. Тој и Самарџиќ го отсвиреа хитот „9000“, кој инстантно се претвори во вистински спектакл.

Жељко следната средба за дефинитивно ненаситна публика ја закажа за денес, како и два пати во сабота на 30 декември кога ќе настапи во 17 и 20 часот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK