септември 26, 2024

Владимир Јегоров (46 г.), кој американскиот весник Newsweek го претставува како сојузник на претседателот на Русија, Владимир Путин, е пронајден мртов, објавија руските медиуми.

Newsweek наведува дека Владимир Јегоров бил пратеник во Градската Дума во Тоболск, област на Тјуменска, како член на партијата Единствена Русија на Владимир Путин.

Разрешен секретарот на Скопје Зоран Глигоров, на негово место доаѓа Наталија Митовска

Нови промени во врвот на администрацијата на градоначалничката Данела Арсовска – денеска беше разрешен секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, а на негово место ќе биде назначена Наталија …
Руте: Русија нема да не запре

– „Русија нема да престане да ја напаѓа Украина“, напиша холандскиот премиер во оставка Марк Руте на социјалната мрежа „Х“, пренесе холандската агенција АНП.  „Русија уште еднаш предизвикува …

Како што објавија руските профили поврзани со безбедносните служби, Владимир Јегоров паднал од прозорец на третиот кат на куќа на улицата „Кедроваја“ во средата.

Медиумите цитираа и извор кој вели дека е можно Владимир Јегоров да паднал од прозорец на третиот кат.

Се вели дека ова е уште една во низата мистериозни смртни случаи на важни личности во Русија кои почнаа да се редат откако силите на Владимир Путин ја нападнаа Украина во февруари минатата година.

Рускиот веб-сајт 72.ru цитираше еден од очевидците дека Владимир Јегоров паднал низ прозорец на третиот кат, додека друг рекол дека претставникот на Владимир Путин има „срцеви проблеми“.

Се наведува дека обдукцијата ќе ја утврди причината за неговата смрт.

Владимир Јегоров минатата година станал еден од најбогатите луѓе во Тоболск, со приход од 9,1 милиони рубљи (околу 100.500 долари).

На веб-сајтот на локалните власти стои дека зад себе ги оставил сопругата и двете деца.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK