септември 26, 2024

Во Франција за новогодишната ноќ ќе бидат распоредени 90.000 полицајци поради засилени безбедносни мерки, најави директорката на разузнавачката служба, Селин Бертон.

Од нив, 6.000 ќе бидат во главниот град Париз.

Таму, според зборовите на францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, се очекуваат повеќе од 1,5 милиони луѓе на улицата „Шанзелизе“.

Жералд Дарманен на прес-конференцијата кажа дека постои „многу висока терористичка закана“ делумно поради она што се случува во Израел и Палестина.

Тој исто така додаде дека полицијата за првпат ќе може да користи беспилотни летала за безбедносни цели и дека ќе бидат ангажирани десетици илјади пожарникари и 5.000 војници.

Фокусот на новогодишната ноќ во Париз ќе биде на Олимписките Игри, кои ќе се одржат во тој град следната година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK