септември 26, 2024

Вистинска голгота преживеала скопјанка која во средата била жртва на физички напад од страна на поранешниот партнер.

Според кажувањата на оштетената за Слободен печат, нивната врска била завршена одамна но по раскинувањето секојдневно добивала закани по својот живот.

Разрешен секретарот на Скопје Зоран Глигоров, на негово место доаѓа Наталија Митовска

Нови промени во врвот на администрацијата на градоначалничката Данела Арсовска – денеска беше разрешен секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров, а на негово место ќе …
Руте: Русија нема да не запре

– „Русија нема да престане да ја напаѓа Украина“, напиша холандскиот премиер во оставка Марк Руте на социјалната мрежа „Х“, пренесе холандската агенција АНП.  „Русија …

Случајот кулминирал кога поранешното момче со иницијали М.Т насилно ја внел поранешната девојка во својот автомобил по што се упатиле кон Драчево, кадешто ја претепал, ја влечел по земја, и ја искинал облеката, и ги зел личните предмети, по што претепана ја вратил дома.

„Ме однесе во околината на Драчево, по земјени патчиња и ниви, кадешто почна да ме навредува со сите можни погрдни зборови, и физички да ме напаѓа со тупаници, клоци, во пределот на главата, стомакот и по интимни делови, кинејќи ми ја сета облека и повторно физички и вербални напади кадешто ме фрли од автомобилот во нивите, се премисли па ме однесе во мојот стан кадешто искрши се’ наоколу и следуваа нова серија на психичка и физичка напади и тортура. Со закани за смрт за мене и моето семејство.”- изјави жртвата.

Случајот бил пријавен во полициска станица Аеродром вчера во 18 часот по што жртвата имала средба со инспекторки од одделот за семејно насилство. Од страна на надлежните земена е целосна документација и на жртвата и се фотографирани видливите траги од насилство.

По пријавата во полиција, М.Т бил приведен по што после неколку часа поминати во полициска станица бил пуштен на слобода.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK