септември 27, 2024

Најталентираниот фудбалер во Црна Гора, 17-годишниот играч за врска на Будуќности од Подгорица, Василије Аџиќ, се пресели во Јувентус.

Конечниот договор за преселба на момчето родено 2006 година во Торино е постигнат денеска, пишуваат медиумите во Црна Гора, а сумата на трансферот ќе биде историска, дури 5.500.000 евра.

Ова е најголем трансфер во историјата клуб од Црна Гора. Будуќност задржа и одреден процент од евентуалната следна продажба на фудбалерот.

Аџиќ нема веднаш да игра во Серија А, туку ќе остане во Подгорица следната полусезона како позајмен играч на „старата дама“, а потоа ќе се пресели во најтрофејниот италијански клуб.

Аџиќ за Будуќност одигра 23 натпревари во сениорскиот фудбал, постигна шест гола и забележа две асистенции.

The post Реализиран најголемиот трансфер во историјата на црногорскиот фудбал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK