септември 27, 2024

Конфликтот избил синоќа околу 23 часот

Едно лице загина во тепачка што избила синоќа на свадба во Берлин . Мажот, чиј идентитет не се соопштува, синоќа нешто по полноќ починал во болница, откако бил избоден со нож околу 23 часот во сала за славење во Кројцберг.

Речиси цела Долна Саксонија е под вода

Министерката за внатрешни работи на Долна Саксонија, Даниела Беренс денеска изјави дека речиси цела германска покраина е под вода. „Речиси цела Долна Саксонија е под вода. Ситуацијата е …
Борел: Потребен е итен прекин на огнот во Газа

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека е неопходен итен прекин на огнот во Појасот Газа. -Израелската копнена офанзива во …

Полицијата приведе маж, кој е осомничен дека при тепачката извадил нож и го избодел несреќниот маж, кој по неполни два часа починал во болница.

Како што објави Билд , тепачката започнала околу 23 часот, по кратка расправија меѓу двајцата сватови. Очигледно ова не било прв пат двајцата мажи да се судрат.

Во еден момент пред очите на шокираните гости еден од насилниците на тепачката се струполи на подот. Тој наводно се здобил со најмалку една убодна рана.

Набрзо на терен пристигнала и полицијата која ги спречила гостите на свадбата да ја напуштат салата, додека лекарите се обиделе да го реанимираат избодениот маж, кој во болницата околу 00:45 часот била констатирана смрт.

Осомничениот за убиството во текот на ноќта бил приведен и испрашуван во полиција.

Се уште не се познати мотивите за конфликтот.

Наводно, во текот на целата ноќ полицијата ги испрашувала сватови кои биле сведоци на овој грозоморен чин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK