септември 27, 2024

Украинските војници го нападнаа центарот на Белгород , при што беа убиени две деца, тврди шефот на регионот, Вјачеслав Гладков.

– Вооружените сили на Украина го гранатираа центарот на Белгород. Според првичните информации, има две мртви деца и неколку повредени – напиша Гладков на својот канал Телеграм и додаде дека при нападот неколку гранати го погодиле станбениот сектор.

pic.twitter.com/E5YEEx4MJV

— Pluton (@Pluton45873221) December 30, 2023

Нападот се случил околу 15:00 часот по локално време, по што црн чад се издигнал над центарот на градот.

Некои воени блогери наведуваат дека една од гранати паднала на лизгалиштето кое се наоѓа во центарот на градот на плоштадот Парламент.

Белгород наводно бил мета и во текот на претходниот ден.

– Повеќе од 60 згради и околу 30 автомобили се оштетени во Белгород како резултат на масовното украинско гранатирање во петокот вечерта – изјави претходно Гладков и додаде дека еден човек загинал кога граната погодила приватна куќа.

pic.twitter.com/oGkuEy7hZS

— Pluton (@Pluton45873221) December 30, 2023

Исто така, како што напиша на Телеграм, откриени се оштетувања на градскиот водовод.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските системи за противвоздушна одбрана во петокот вечерта уништиле 13 проектили над територијата на регионот Белгород.

Белгород се наоѓа на приближно 25 километри од украинската граница и е дом на повеќе од 300.000 луѓе.

pic.twitter.com/NsdKCFdaMj

— Pluton (@Pluton45873221) December 30, 2023

Да потсетиме дека во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот, Русија изврши невиден воздушен напад врз градовите низ Украина . Мета беа Киев, Харков, Миколаев, Одеса, Днепропетровск, Лавов…

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK