септември 27, 2024

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против 18 луѓе и една фирма за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци.

Речиси две години, од август 2020 година до април 2022 година, обвинетите вршеле пренос преку царина на непријавени стоки – луксузни автомобили. Обвинителството има докази дека се криумчареле 15 возила со проценета вкупна вредност од над половина милион евра.

Речиси цела Долна Саксонија е под вода

Министерката за внатрешни работи на Долна Саксонија, Даниела Беренс денеска изјави дека речиси цела германска покраина е под вода. „Речиси цела Долна Саксонија …
Борел: Потребен е итен прекин на огнот во Газа

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека е неопходен итен прекин на огнот во Појасот …

Тие ја избегнувале царинската контрола, фалсификувале службени исправи и лажните ги употребувале како вистински за да ги регистрираат автомобилите, а потоа со цел да ги прикријат кривичните дела, ги сокривале возилата и меѓусебно ги препродавале по неколкупати во краток временски период.

За прикривање на возилата кои биле предмет на криумчарење и царински измами е обвинето и правното лице – авто салон од Кочани.

Меѓу обвинетите се и пет службеници вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР), кои им давале регистарски таблици и сообраќајни дозволи изработени спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификуваните документи.

Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и се внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа обвинетите службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. По повеќекратната меѓусебна купопродажба, обвинетите трајно ги отуѓувале автомобилите, продавајќи ги на физички и правни лица во државава.

За тројца од обвинетите, меѓу кои и една државјанка на Србија со привремен престој во земјава, надлежниот јавен обвинител предложи да им биде продолжена претходно определената мерка притвор.

За овој настан, веќе има една правосилна пресуда против обвинет врз основа на спогодба, додека за едно инволвирано лице постапката е прекината бидејќи е недостапен на органите на прогон.

Обвинителството истрагата за криумчарење на луксузни автомобили ја најави на 5 јули.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK