септември 27, 2024

Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, Ерик Баи потпиша договор со Виљареал до јуни 2025 година, соопшти шпанскиот клуб.

Баи, пред две недели стана слободен играч, откако доби отказ во Бешикташ.

Баи се врати во Виљареал на инсистирање на тренерот на тимот на Марселино.

29-годишниот фудбалер беше член на „жолтата подморница“ од јануари 2015 година до летото 2016 година, кога се пресели во Манчестер јунајтед. Сениорското деби го имаше во Еспањол, а играше и за Марсеј – како позајмен играч од „црвените ѓаволи“.

Виљареал има големи проблеми оваа сезона и ја зазема 13-та позиција на табелата со скромни 19 бодови.

The post Баи се врати во Виљареал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK