октомври 18, 2024

Еден од проектилите паднал на лизгалиштето во Белгород, кое тогаш било отворено.

Украинските вооружени сили во саботата попладне извршија напад врз рускиот град Белгород.

Руското Министерство за вонредни состојби извести дека во нападот загинале најмалку 14 лица, меѓу кои две деца, а 108, од кои 15 деца, биле повредени.

Олаф Шолц: “Германија може да се справи со претстојните геополитички и економски предизвици“

Германскиот канцелар Олаф Шолц во своето новогодишно обраќање изрази оптимизам дека Германија ќе може да се справи со геополитичките и економските предизвици во наредната година, па ја повика земјата да …
Вјоса Османи тврди дека најдобро би било Косово со САД да го изработат нацрт статутот на ЗСО

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, синоќа изјави дека најдобро би било Косово заедно со САД да го изготват нацрт статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО), …

Според некои информации, ова е прв напад од украинската страна врз цивилни цели во Русија.

Фотографиите објавени на интернет покажуваат запалени автомобили, згради со скршени прозорци и црн чад што се издига од некои згради.

Еден од проектилите паднал на лизгалиштето, кое во тоа време било отворено. Наводно е погоден и Државниот технички универзитет во Белгород, објави телеграмск каналот База.

Ова беше втор напад на Белгород за два дена. Вечерта на 29 декември, локалните власти информирале дека одбранбените системи собориле „неколку воздушни цели“ кои се приближувале кон градот. Наводно, во нападот едно лице загинало, а четворица се повредени.

Украина официјално не го коментираше нападот. РБЦ Украина напиша дека украинските „безбедносни и одбранбени сили“ ги извршиле нападите и дека тие биле насочени кон воени цели. Изворот за РБЦ Украина изјави дека тоа е „општа мерка која е последица на варварското гранатирање на Днепро, Харков и Одеса и убиства на цивили“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот на Белгород во кој загинаа 14 лица нема да помине „неказнет“, обвинувајќи ја за нападот украинската армија.

The Ukrainian Army, funded, led and armed by NATO has just bombed the Civilian centre of the Russian city of Belgorod.

They have directly targeted the city centre to kill innocent civilians. There is no military infrastructure here. I’ve been here myself. This is murder. pic.twitter.com/niWTYR9TB0

— Chay Bowes (@BowesChay) December 30, 2023

„Тој напад нема да остане неказнет“, објави Министерството на Телеграм, уверувајќи дека руските сили успеале да пресретнат два проектили и „повеќето“ од ракетите лансирани кон градот.

Рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за нападот врз станбените области на градот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесоа руските новински агенции.

Украина, која беше нападната од Москва во февруари минатата година, редовно извршува напади врз цели во Русија, особено во областите блиску до нејзината граница, но бројот на жртви обично е помал.

The moment of arrival in #Belgorod pic.twitter.com/gt5jGJUjjS

— Aurora Borealis (@aborealis940) December 30, 2023

Киев сè уште не реагираше на руските обвинувања по нападот во саботата.

Регионот Белгород, кој граничи со северна Украина, цела година е изложен на гранатирање и напади со беспилотни летала, за кои властите ја обвинуваат Украина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK