октомври 18, 2024

На 30.12.2023 околу 19.15 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода М.С.(41) од Штип. При претрес, извршен со судска наредба, во неговото возило и во канцеларијата што ја користи, во неговото возило биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и предмети со остатоци од бела грутчеста материја. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен, исто така, со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пиштол „Пјетро Берета” со рамка со осум куршуми, 83 куршуми различен калибар, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела грутчеста материја. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK