октомври 18, 2024

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Антони ја заврши најлошата година во кариерата.

Манчестер јунајтед загуби од Нотингем Форест на крајот на годината, Антони беше стартер, не покажа ништо, беше заменет во 54. минута.

Кога ќе се соберат сите негови бројки, тогаш без сомнение, Бразилецот е најлошото засилување во историјата на Манчестер јунајтед.

Сезонава нема ниту гол ниту асистенција на 21 натпревар во сите натпреварувања.

Покрај тоа, тој ја заврши календарската 2023 година со само еден гол во Премиер лигата во 33 натпревари.

Кога ќе се повлече линијата, откако дојде од Ајакс во летото 2022 година за 95 милиони евра, Бразилецот постигна осум гола и запиша четири асистенции.

The post Јунајтед во ветер фрлија 95 милиони евра – Антони сезонава е без гол и асистенција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK