Во новата година првото новороденче во Охрид е здраво машко дете. Како што информира директорот на Општа болница – Охрид, д-р Асен Шајн, бебето е родено во 1 часот и 54 минути.
Спонтано е породено, тешко е 2730 грама, мајката е од Охрид, а истата ја породи дежурниот гинеколог д-р Горан Маркоски со екипата, вели д-р Шајн.