септември 22, 2024

На 27 декември, во просторот на балетската сала при Македонскиот народен театар, премиерно ќе сеодигра претставата „Бакхи: Агава“ во режија на Нина Николиќ, сопоред Еврипид и Тамара Барачков.

„Агава е ликот за кој се зборува, а нејзиното однесување е предмет на толкување и прераскажување на останатите машки ликови. По чедоморството, Агава прозборува само во последниот чин. Но, злочинот го прави во состојба на занес и транс, таа сопствените постапки не е во состојба рационално да ги процесира и да ги вербализира. Според авторот Барачков, токму затоа, во процесот на развивање на овој текст, во кој гласот и централниот простор ѝ се дава на Агава, се дефинира коренот на нејзините проблеми и незадоволството. Се поставува и прашањето: која е оваа жена денес?“, велат од Македонскиот народен театар.

Дел од актерската екипа се Симона Спировска, како Агава, Александар Михајловски како Пентеј, Григор Јовановски како Дионис.

Хор: Марија Кеврекиду, Ана Марија Бутниок и Афродита Атанасопулу. Сценограф е Ангел Петровски, костимограф е Ивана Каранфиловска-Угуровска и дизајнер на звук е Александар Арсиќ.


Претставата е копродукциски проект помеѓу: Перипетија продукција – Скопје, РСМ НУ Македонски народен театар и Градски театар од Јанина, Р Грција.


The post Македонско-грчката претстава „Бакхи: Агава“ на Нина Николиќ премиерно во МНТ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK