септември 22, 2024

„Работиме дење и ноќе за поврзување на гасот што го откривме во Црното Море со нашиот национален систем, а во понеделник ќе споделиме нови добри вести со нашата нација“

Турција неуморно работи на поврзување на природниот гас откриен во Црното Море со националната мрежа, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ветувајќи дека во понеделник ќе бидат објавени уште добри вести.

„Работиме дење и ноќе за поврзување на гасот што го откривме во Црното Море со нашиот национален систем, а во понеделник ќе споделиме нови добри вести со нашата нација“, рече Ердоган, во обраќањето пред граѓаните во градот Ерзурум, каде што беше организирано свечено отворање на повеќе реализирани проекти.

Турскиот претседател потврди дека само во Ерзурум инвестициите во областа на природниот гас надминуваат четири милијарди турски лири.

„Турција ќе добие уште добри вести откако црноморскиот природен гас биде ставен во употреба“, потврди претседателот Ердоган.

Тој се осврна и на тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија и рече:

„Со Азербејџан ги поставуваме темелите на нова ера во регионот. Работите ќе се забрзаат со придвижување на Ерменија во правец на мирот и безбедноста.“

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK