септември 22, 2024

Приврзаниците ги откорнуваа цементните плочи од тротоарот и ги фрлаа кон полицијата, околните куќи и продавниците

Најмалку 31 француски полицаец се повредени во насилствата на поддржувачите на терористичката организација ПКК во Париз, изјави началникот на полицијата Лоран Нунез.

Откако се собраа на централниот Плоштад на Републиката околу 14:00 часот по локално време вчера, илјадници поддржувачи на терористичката организација потоа маршираа до Булевар ди Тампл скандирајќи про-ПКК слогани и носејќи постери на т.н. лидери на терористичката организација.

Тие потоа ги откорнуваа цементните плочи од тротоарот и ги фрлаа кон полицијата, околните куќи и продавниците. Напаѓачите го претворија местото во бојно поле со пиротехничките средства што ги користеа уништувајќи ги автобуските постојки.

За локалната телевизија БФМ ТВ (BFM TV), Нунез изјави дека најмалку 31 припадник на безбедносниот персонал е повреден, како и еден демонстрант, и дека 11 лица се уапсени.

Интервенцијата на полицијата на местото беше прилично ограничена и повремено користен е солзавец против напаѓачите.

Во петокот, 69-годишен вооружен маж во Париз отвори оган, застрелувајќи најмалку три лица, ранувајќи уште три.

„Се истражуваат евентуални расистички мотиви зад нападот“, изјави париската обвинителка Лоре Бекуа.

„По инцидентот, приврзаниците на терористичката организација ПКК во петокот повредија најмалку шест полицајци во Париз“, јавија француските медиуми.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. Иако официјално е забранета, терористичката организација е присутна со свои приврзаници во бројни европски земји.

AA

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK