ноември 22, 2024

Фудбалскиот сојуз на Чешка го назначи Иван Хашек за нов селектор.

Хашек потпиша договор до ноември 2025 година, со можност за продолжување на соработката доколку Чешка се пласира на Светското првенство во 2026 година, откри претседателот на Сојузот, Петр Фоушек.

Хашек рече дека му е чест што се вратил во националниот тим, кој го водеше на пет натпревари од 2009 до 2010 година.

Тој на клупата го замени Јарослав Шилхави, кој на 20 ноември поднесе оставка по последниот меч во квалификациите за ЕП и победата против Молдавија (3:0).

Чешка осми пат по ред се пласираше на ЕП, но Шилхави беше критикуван за лошите настапи во квалификациите. Тимот го зазеде второто место во групата Е зад Албанија.

Шилхави ја предводеше Чешка до четврт-финалето на претходното Европско првенство.

Хашек (60) за репрезентацијата на Чехословачка од 1984 до 1994 година одигра 56 натпревари и постигна пет гола.

Тој беше тренер на тимови во Чешка, Јапонија, Франција и Блискиот Исток, а неговата последна работа беше во репрезентацијата на Либан во 2022 година.

Чешка на ЕП ќе игра во Ф групата против Португалија, Турција една репрезентација од баражот во Лигата на нации што ќе се игра во март.

The post Чешка назначи селектор на ЕУРО appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK