Oткако денеска беше донесен Буџетот на општина Карпош, се огласи и градоначалникот Стевчо Јакимовски со остар напад кон ВМРО-ДПМНЕ кои според него се обидоа да ја закочат работата и нормалното функционирање на општина Карпош.
„Очекувам поплава во Карпош. Да си земеме соодветна опрема, рибарски чизми.
Солзите на режисерот Христијан и актерот Вељановски се толку обилни што ќе предизвикаат поплава во Карпош. Крокодилските солзи не се за решавање на проблемите на граѓаните, туку за создавање на проблеми: да не функционира Општина Карпош, да не се реализираат предвидените програми и вработените во градинките, училиштата и општинската администрација да не земат плати“ вели Јакимовски на социјалните мрежи.
Според него лелекот и солзите биле толку големи што покажувале дека се работи за сценарио напишано и организирано во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, па затоа ова, во таа партија го доживуваат како пораз на Христијан Мицковски од Стевчо Јакимовски.
„Не, јас не однесов победа, однесоа победа граѓаните на Карпош против деструкцијата која е евидентна на локално ниво, во Градот Скопје и во Парламентот. Неумесните зборови, лагите, и несоодветните квалификации кои до сега ги упатуваа советниците на ВМРО ДПМНЕ кон мене сега ги упатуваат кон претседателот на Советот Бранко Ристов. Срамота за речникот употребен против претседателот на Советот кој има право да биде болен како секој нормален човек, а всушност болни сме сите од вмровскиот егзибиционизам.
На неостварениот глумец Вељановски само да му кажам дека на претпоследното продолжение неговиот колега Марјан Стефановски како мало дете симулираше главоболка и побара пауза за да може да се соземе, а сите знаевме дека за разлика од професионалецот овој е глумец статист. Глумеше главоболка со цел да дојде главниот глумец „Роберт де Ниро“. За жал, нивната серија заврши, главниот глумец де Ниро не е повеќе во серијата и сега сите му се виновни. Виновни му се сите нормални, конструктивни советници на кои што им е важно ако не им ги решаваат, барем да не им создаваат проблеми на граѓаните.
Плачете режисери и глумци од ВМРО ДПМНЕ, Карпош има квалитетна мрежа на атмосферска канализација. Вашите солзи ќе завршат во за сега матниот Вардар, како што ќе завршите на изборите“ стои во објавата на Јакимовски.
Следете не, не има насекаде