Поранешниот италијански репрезентативец Паоло Малдини за многумина е еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот. Кариерата ја мина во Милан, тој е апсолутна легенда на клубот чии дрес го носел на 902 натпревари. Кариерата ја заврши во 2009 година.
Малдини има пет титули во Лигата на шампионите со Милан, седум пати легендарниот стопер како капитен го подигна пехарот за победникот во Серија А, има и четири европски Суперкуп трофеи, пет пати го освојуваше Суперкупот на Италија, еднаш Купот на Италија и еднаш Светското клупско првенство.
Во неодамнешниот документарец за Роналдо со наслов „Феномен“, Малдини го пофали поранешниот напаѓач на Бразил, рангирајќи го меѓу тројцата најдобри играчи кои некогаш ги видел во кариерата.
„Прво, имав можност да играм против одлични играчи, најдобри беа, се разбира, Марадона кога играше за Наполи и Роналдо кога играше за Интер“, рече Малдини и дополни.
„Не играв против Меси затоа што беше повреден и фала му на Бога што беше така“, рече Малдини во еден подкаст. Новинарот потоа додаде дека Меси имал среќа што никогаш не се соочил со него, но Малдини му одговори: „Не, не. Јас имав среќа“.
The post За легендарниот Малдини овие тројца се најдобри appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде