ноември 23, 2024

На 04.01.2024 во 16.40 часот во село Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.Н.(20) и Ф.М.(20), двајцата од истото село. Тие се сомничат дека извршиле кражба, при што од објект во селото одзеле повеќе предмети, информира МВР.

Кај нив биле пронајдени одземените предметите, алатот со кој била извршена кражбата и патничкото возило „југо” со неготински регистарски ознаки, со кое ги пренесувале предметите.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле приведени во полициска станица. По документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK