И двајцата возачи загинале по судир на две патнички моторни возила на патот Гостивар – Кичево, а поради несреќата, магистралата морало да биде два часа затворена за сообраќај во двата правци.
Според известувањето на СВР Тетово, трагедијата се случила во утринските часови во близина на каменоломите, информираат од СВР Тетово.
– Во сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од Е.З (42) од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане. Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош, наведува Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Јавен обвинител и екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи извршиле увид на местото.
Следете не, не има насекаде