Фудбалерот на Вест Хем, Тило Керер, му се приклучи на Монако на позајмица до крајот на сезоната.
Како што објави Монако, клубот ќе има опција да го купи 27-годишниот германски дефанзивец на крајот на позајмицата.
Керер го загуби местото во првиот тим, оваа сезона не беше стартер во Премиер лигата во која од септември одигра само еден натпревар. Сезонава одигра вкупно четири натпревари за Вест Хем.
Во август 2022 година, тој се пресели од Пари Сен Жермен во Вест Хем, за кој одигра вкупно 50 натпревари. Минатата сезона одигра 27 првенствени натпревари и му помогна на клубот да ја освои Конференциската лига.
Карер би можел да дебитира за Монако следниот викенд против Ремс.
Монако моментално е трет во поредокот, со седум бода помалку од лидерот Пари Сен Жермен.
The post Керер во Монако до крајот на сезоната appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде