Помеѓу новите модели се: Odyssey OLED G8, Odyssey OLED G6 и ажурираниот Odyssey OLED G9

Samsung Electronics Co. Ltd., денес ги најави новите гејмнинг монитори Odyssey OLED, кои ќе дебитираат на CES® 2024, најголемиот светски технолошки настан организиран од Consumer Technology Association (CTA)®, a кој ќе се одржи во Лас Вегас следната недела.

Новите OLED модели нудат перформанси и визуелна јасност што гејмерите ја бараат од своите монитори, а ги вклучуваат моделите: Odyssey OLED G9 (Име на модел: G95SD), Odyssey OLED G8 (Име на модел: G80SD) и Odyssey OLED G6 (име на модел: G60SD).

Моделот Odyssey OLED G9 е 49-инчен заоблен ултра широк гејминг монитор со DQHD (5,120×1,440) резолуција и сооднос на слика од 32:9, како и со други надградени функции. Odyssey OLED G8 е првиот рамен 32-инчен Samsung OLED гејмнинг монитор со 4K UHD (3,840×2,160) резолуција и сооднос на слика од 16:9. Двата монитори имаат стапка на освежување од 240 Hz и GTG време на реакција од 0,03 ms. Odyssey OLED G6 е 27-инчен QHD (2,560×1,440) монитор кој поддржува сооднос на слика од 16:9, стапка на освежување од 360 Hz и GTG време на реакција од 0,03 ms.

„Заедно со жанровите на игри и гејмнинг платформите стануваат се поразновидни“, рече Хун Чунг, извршен потпретседател на одделот за визуелни прикази во Samsung Electronics. „Новите гејминг монитори OLED Odyssey на Samsung ќе им обезбедат на гејмерите поимересивна гејмнинг ололина и иновативна технологија што ги персонализира нивните гејминг искуства и ги исполнува и надминува нивните потреби“.

Технологии кои овозможуваат прецизни нијанси

Сите три нови модели имаат OLED технологија без отсјај, која ја минимизира рефлексијата на светлината, овозможувајќи подобро гледање без дополнителна опрема, така што корисниците можат да играат игри со постојана осветленост и боја при речиси секаква осветленост.

Со VESA DisplayHDR True Black 400, мониторите обезбедуваат неверојатни детали и живописни бои, независно од играта или содржината што се прикажува. Исто така, тие поддржуваат AMD FreeSync Premium Pro за непречен HDR гејмнинг со мало закаснување.

Трите нови монитори носат сеопфатно физичко поврзување со две HDMI 2.1 порти, USB хаб и DisplayPort 1.4 влез. Корисниците, исто така, ќе уживаат во подобра удобност со компатибилноста на VESA држачот и сталажата за прилагодување на висина (HAS) што овозможува закосување, центрирање и вртење на мониторот.

Поврзани искуства во комплетен екосистем

Моделите Odyssey OLED G9 и Odyssey OLED G8 сега нудат нова функција Multi Control, која обезбедува беспрекорно поврзување со повеќе уреди за полесно и подобрено искуство. Оваа функција им овозможува на корисниците беспрекорно да префрлаат слики и/или текст од нивниот монитор Samsung на другите уреди на Samsung – вклучувајќи го и нивниот Galaxy Book, таблет или телефон – за полесен, поефикасен работен процес со помош на глувчето и тастатурата.

Дополнително, моделите Odyssey OLED G9 и Odyssey OLED G8 вклучуваат Samsung SmartThings Hub, така што корисниците можат да се поврзат со различни IoT уреди кои се компатибилни со протоколот Matter и Алијансата за поврзување на уреди (HCA) за контрола на уредите.

Кога од работа преминувате на забава, мониторите Odyssey OLED G9 и Odyssey OLED G8 стануваат сеопфатни центри за забава. Опремени со платформата Samsung Smart TV и Samsung Gaming Hub, тие обезбедуваат пристап до услугите за стриминг и гејминг на облак без преземања, ограничување на просторот за складирање или потреба од компјутер/конзола.

Елегантен дизајн кој го разубавува секој простор

За прв пат во линијата Odyssey Samsung нуди рамен OLED монитор и сооднос на слика од 16:9 на моделите Odyssey OLED G8 и Odyssey OLED G6. Новите модели го имаат уникатниот, тенок метален дизајн на линијата Odyssey OLED и вклучуваат нова функција на основно осветлување Core Lighting+ која се вклопува во тенката рамка.

Функцијата Core Lighting+ ги внесува корисниците во нивната околина за гејминг и забава со емитување на амбиентална светлина од задниот дел на мониторот. Со кругот за осветлување четири пати потенок од претходниот модел (G95SC), беспрекорно се вклопува во тенката метална рамка од 3,9 мм. Има и нова тенка метална сталажа, која се монтира без алатки, благодарејќи на метална плоча од 3 мм во склад со дизајнот на мониторот, но и остава простор за други уреди.

Со воведувањето на овие нови модели, Samsung дополнително ја зајакна својата OLED линија и ја зацврсти својата лидерска позиција на пазарот на гејминг монитори. Иновациите во линијата Odyssey OLED и континуираниот напредок на серијата Odyssey Neo – во чии рамки минатата година беше лансиран првиот гејминг монитор Dual UHD со 57-инчен Odyssey Neo G9 во светот – обезбедуваат функции и перформанси што ќе помогнат да се дефинира иднината на игрите.

###
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, Wearable уредите, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com