ноември 23, 2024

САД нудат десет милиони долари за информации за пет спонзори на Хамас или нешто што би довело до попречување на финансиските механизми на палестинската милитантна група, соопшти денеска Стејт Департментот.

Објавата доаѓа откако четири пакети американски санкции беа наметнати на Хамас.

Петте лица кои се сметаат за финансиери на Хамас се Абелбасит Хамза Елхасан Хер, Амер Камал Шариф Алшава, Ахмед Саду Џадала и Мухамед Ахмад Абд ал Даџим Насрала, кои претходно беа означени како терористи во САД.

Драма на скопска Гинекологија: Вработен нападнал 70-годишен маж

На 04.01.2024 во 08:50 часот во СВР Скопје, А.Б.(70) од Скопје пријавил дека на Клиниката за гинекологија и акушерство во Комплексот клиники „Мајка Тереза“– Скопје, по претходна …
Специјалци на МВР упаднаа во ноќни клубови во Македонија!

Полицијата вчера изврши претреси во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид, пришто затекна 99 женски лица …

Првиот финансиер, познат како Хамза, е од Судан и учествувал во управувањето со бројни компании на Хамас и учествувал во трансферот на 20 милиони долари на милитантната група, додаде американскиот Стејт Департмент. Се додава дека тој е поврзан со суданскиот претседател Омар Башир и исламските групи кои го дестабилизираат Судан.

Алшава, Јалеб и Џадала се дел од инвестициската мрежа на Хамас во Турција, наведува Стејт Департментот.

Мухамед Ахмад Абд ал Даџим Насрала има блиски врски со ирански правни лица и бил вклучен во испраќање десетици милиони долари на Хамас, вклучувајќи го и неговото воено крило. Одделот посочува дека тој бил во Катар во октомври.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK