мај 2, 2026

Полицијата вчера изврши претреси во три угостителски објекти, од кои два на подрачјето на СВР Тетово и еден на подрачјето на Охрид, пришто затекна 99 женски лица кои престојувале спротивно на целта, дрога и пиштол.

Драма на скопска Гинекологија: Вработен нападнал 70-годишен маж

На 04.01.2024 во 08:50 часот во СВР Скопје, А.Б.(70) од Скопје пријавил дека на Клиниката за гинекологија и акушерство во Комплексот клиники „Мајка Тереза“– Скопје, по претходна расправија со А.В.(30) …
ПРИНЦОТ ЕНДРЈУ ПРИЈАВЕН ВО ПОЛИЦИЈА – Братот на кралот Чарлс III повторно е мета на критики поради тоа што е дел од „црната листа“ на Џефри Епштајн

Најголемата антимонархистичка група во Велика Британија, Република, го пријави принцот Ендрју во лондонската полиција по неодамнешното објавување на скандалозните судски документи кои го поврзуваат со осудениот педофил Џефри Епштајн. Документите …

При спроведените полициски и истражни дејствија во трите угостителски објекти биле затекнати вкупно 99 женски лица со потекло од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Косово, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија, Казахстан и Р. Македонија, кои престојувале спротивно на целта, а пронајдена е една ќеса со прашкаста материја и еден пиштол „Гамо“ калибар 4,5 мм.

Во угостителскиот објект сопственост на И.И.(26), биле затекнати 50 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија и Косово, како и ќеса со дрога, а исто така биле легитимирани 80 гости.

Во угостителскиот објект, сопственост на А.Џ.(26), беа затекнати 36 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Албанија, Колумбија, Србија, Аргентина, Бугарија и Македонија, а пронајден е и пиштол, додека легитимирани биле 95 гости во објектот. При претресот извршен во угостителскиот објект во Охрид, сопственост на Х.А.(34), биле затекнати 13 девојки од Украина, Русија, Белорусија, Казахстан и Македонија, а затекнати и легитимирани биле 47 гости во објектот.

Во однос на затекнатите женски лица кои престојувале спротивно на целта ќе се отпочне со прекршочна постапка пред надлежен суд, а против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK