мај 2, 2026

Авиосообраќајот во земјава е безбеден, а предлогот за разрешување на раководството и Управниот одбор на М-НАВ е за да се испрати пораката дека компромис со безбедноста на авиосообраќајот – нема и не смее да има, порача денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска во врска со случувањата во М-НАВ.

5.јануари.2024ВИДЕО | Контроверзната тенисерка овојпат претера: И се закани на судијката пред целиот свет

Контроверзната летонска тенисерка Јелена Остапенко е елиминирана во четвртфиналето на ВТА турнирот …
5.јануари.2024СТРАШНО, ТАТКО ЈА ФРЛИЛ ЌЕРКА СИ ОД ТЕРАСА И СКОКНАЛ ПО НЕА: Соседите слушнале силен удар и веднаш повикале полиција

Маж од Венеција ја фрлил својата петгодишна ќерка од тераса на првиот …

– Предлогот за разрешување е бидејќи сакаме да ја испратиме пораката дека компромис со безбедноста на патниците и безбедноста на македонското небо нема да има и не смее да има. Истовремено, ги повикуваме и политичките партии и политичките движења во државата да не ги користат и да не ги злоупотребуваат ниту вработувањата ниту вработените во оваа институција за остварување на своја лична агенда. Она што е најважно за граѓаните и за јавноста е дека авиосообраќајот во Република Македонија е безбеден и се одвива согласно правилата на „Еуроконтрол“, изјави Петровска.

Таа смета дека раководството на М-НАВ потфрлило во целта да се воспостави работен ред и дисциплина во институцијата.

– Случувањата во М-НАВ особено невозможноста да се воспостави работен ред и дисциплина во институцијата, како и немањето на соодветен дијалог помеѓу работодавците и Синдикатот, очигледно дека предизвикаа бранувања и во јавноста, но и во институциите. Претседателот на Владата, во консултација со мене како министер за одбрана и министерот за транспорт и врски, донесе одлука дека на следната седница, т.е. седницата во вторник на Владата ќе предложи разрешување на директорите и управниот одбор на М-НАВ, рече Петровска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK