ноември 23, 2024

Традицијата со бадниковите огнови продолжи и вечерва низ скопските населби. Покрај огновите, граѓаните со посна трпеза, топла ракија си посауваат убави празнични денови. Има и собири каде покрај огновите одекнува музика, се вие оро, се приредуваат и огномети.

Палењето оган е во пресрет на утрешниот ден Бадник кога во раните утрински часови коледарите ќе тргнат од врата на врата и ќе пеат коледарски песни, а домаќините ќе ги даруваат во костени, овошје, ореви… По оваа утринска традиција семејствата се собираат на посна трпеза, а ќе завртат и лепче со паричка. И покрај предупредувањата на црквата да не се палат огнови бидејќи тоа се пагански обичаи, луѓето не ја напуштија традицијата. На социјалните мрежи се апелираше да не палат бадникарски огнови и заради големото аерозагадување.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK