ноември 23, 2024

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска, по разговорите со украинскиот шеф на државата Володимир Зеленски, дека Анкара е подготвена да ја преземе улогата на посредник и домаќин на мировни преговори меѓу Киев и Москва.

Ердоган нагласи дека Турција прави интензивни напори да се „запре крвопролевањето“ и во Украина и на палестинските територии и дасе обезбеди траен мир, јавија турски медиуми.

„Подготвени сме да ја преземеме улогата на преговарач за да обезбедиме мир во Украина. Важно е коридорот за жито да биде реструктуиран и оперативен и за таа цел продолжуваме со дипломатските контакти“, нагласил турскиот претседател

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK