ноември 23, 2024

Барселона во четвртокот го победи Лас Палмас со пенал во третата минута од судиското надополнување. Чави беше нервозен на прес-конференцијата, фрустрациите ги истури врз новинарката Хелена Кондис.

„Што ќе се случеше ако не го постигневте тој гол во последните моменти од натпреварот?“, праша новинарката, алудирајќи на тоа дека на Чави можеби му се „тресе клупата“.

„Да заостаневме десет поени, ситуацијата сигурно ќе беше потешка“, започна тренерот на Барселона и тргна во контранапад:

„Но, вие секогаш одите со тие негативни претпоставки, тоа е смешно. Тоа не им го правите на другите тренери“, горко се насмеа Чави.

Новинарката не беше ништо помалку цинична кога го постави второто прашање:

„Мислите дека сме песимисти?

„Не, но ако победиме… Па зошто претпоставувате дека нешто ќе се случи ако не го направиме тоа? Тоа што го прашуваш не се случи. Готово е, не може да се случи. Ако прашавте пред натпреварот, тогаш можеме да разговараме. Но, тоа не се случи. Па, зошто зборуваме за тоа? Се чини апсурдно, зар не? Тоа е апсолутно апсурдно “, рече Чави и додаде:

„Џирона победи во последната секунда. Таков е денешниот фудбал. Не сме единствените кои победуваат тешко. Освен тоа, имаме многу аргументи, а главната е дека сме актуелни шампиони. Почитувајте ги шампионите, уште сме живи“, заклучи Чави.

Барселона заостанува седум бода зад лидерот Реал и второпласираната Џирона.

Xavi Padreando a Helena Condis.
Video completo pic.twitter.com/qnLGtkapvZ

— Xavismo (@xavismoreal) January 5, 2024

The post Чави во клинч со новинарка: Вакви прашања не им поставувате на другите тренери appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK