ноември 23, 2024

Во Осло главниот град на Норвешка, изминатата ноќ темпетратурата се спушти под минус 30 степени, што е историски минумум отакако се вршат метереолошки мерења.

Минус 31,1 степени Целзиусови се забележани во Бјорнхолт во северниот дел на главниот град, соопшти Норвешкиот метеоролошки институт. Минусниот рекорд е регистриран ноќеска меѓу 3 и 4 часот по локално време на шумска метеоролошка станица, каде што највисоката температура во последните 24 часа била минус 21,9 степени.

Во центарот на Осло во текот на ноќта се измерени минус 21,5 степени.

Северна Европа веќе неколку дена е зафатена од студ и ниски температури. Рекордни минус 43,6 степени Целзиусови во средата беа измерени на северот на Шведска, што е најниска температура забележана таму во последните 25 години

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK