ноември 23, 2024

Реал Мадрид се надеваше дека ќе избегне уште една сага со Килијан Мбапе. Флорентино Перез очекуваше дека досега напаѓачот ќе имаше потпишан пред договор со неговиот клуб. Барем засега тоа не се случи.

Сагата која предолго трае ги поттикнува шпекулациите на светските медиуми. Медиумите се сигурни дека Мбапе на крајот ќе заврши на „Сантијаго Бернабеу“.

Реал наводно му поставил ултиматум на Мбапе дека мора да ја донесе својата одлука до средината на јануари, но всушност Перез е подготвен да чека до крајот на месецот.

Во Мадрид веруваат дека ова е доволно време и дека на сите три страни, клубот, Мбапе и ПСЖ им останува доволно време за реализација на други планови и идеи.

Што се однесува до Мбапе и ПСЖ, наводно и таму има договор. Според него, 25-годишниот напаѓач ќе треба да му ја соопшти својата одлука на клубот најдоцна до крајот на првата недела од февруари.

Доколку реши да го напушти парискиот клуб, ќе мора да се откаже од 80 милиони евра. ПСЖ, пишуваат француските медиуми, му нудат нов богат и повеќегодишен договор. Актуелниот важи до крајот на сезоната.

Понудата на Реал, која ја пренесуваат шпанските медиуми, е иста како онаа од пред две години. Конкретната сума не е прецизирана, но се нагласува дека наместо претходната понуда за потпишување на договорот, односно бонус од 150 милиони евра, сега ќе Реал нуди 100 милиони евра помалку. Претходно се пишуваше дека Реал му нуди 26 милиони нето по сезона.

„Трансфермаркт“ го цени Мбапе на 180 милиони евра. За ПСЖ одигра 283 натпревари со учинок од 234 гола и 100 асистенции.

The post Можеше да добие 150 милиони за потпис на договорот, Реал сега на Мбапе му нуди „само“ 50 милиони евра appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK